Превод и лектура


IQ Intelligence Center Ви нуди брз и висококвалитетен превод и лектура на текстови, документи и веб страни од разни области и на повеќе јазици. Тимот на професионални преведувачи има големо професионално искуство и високо ниво на стручност и одговорност. Преводот се испорачува согласно потребите и барањата на клиентот, во електронска или печатена форма со или без судска заверка во бараниот рок.

IQ Intelligence Center врши превод во сите области и тоа: право, економија, финансии, маркетинг, медицина, информатичка технологија, градежништво, телекомуникации и многу други области.

Процесот на преведување се врши во следните чекори:

  • преглед на оригиналниоттекст,
  • избор на соодветен преведувач специјализиран во дадената област,
  • вршење на преводот и
  • лектура.

IQ Intelligence Center врши:

  • Обичен превод – превод без заверка на точноста на преводот
  • Судски превод – превод со заверка на точноста на преводот од судски преведувач со која се потврдува дека преведените документи се точни и целосни преводи на оригиналните документи, односно изјава дадена под заклетва потпишана од судски преведувач на јазикот на кој се врши преводот.
  • Лектура – проверка на прецизноста на преводот и правилната употреба на граматичките и правописните правила со цел беспрекорно и точно пренесување на текстот од изворниот на целниот јазик. Лектурата всушност претставува проверка на преведениот текст со цел пронаоѓање и исправање на грешките во интерпункциските знаци, правописот, граматиката и синтаксата. Лекторирањето може да се врши одделно или како дополнителна услуга заедно со преводот на документите.