IQ Intelligence Center

За нас






Предности и придобивки од користењето на услугите што ги нуди IQ Intelligence Center
Брзото темпо на живот денес ни ја наметнува потребата од оптимизирање на сите наши активности, деловни и приватни, како и постојано унапредување на нашето лично и професионално знаење, способности и вештини. За постигнување на таа цел IQ Intelligence Center ви нуди сé на едно место од разни интелектуални услуги и професионалци од повеќе области, преку изнајмување на опремен простор за приватни часови за едукација, обуки, семинари и презентации, менторство при изработка на научни трудови до преведување и лекторирање на разни текстови и документи.
Главните предности и придобивки од користењето на услугите што ги нуди IQ Intelligence Center:

  • Успешно изготвување на Вашите научни трудови, со спроведување на сите фази, од развој на концепт, истражување, анализа на резултати сé до финално обликување на трудот;
  • Брз и квалитетен превод и лектура во најкраток можен рок согласно преведувачките стандарди.
  • Заштеда во време и побрзо доаѓање до она што Ви треба со едноставно пребарување на регистрираните професионалци – понудувачи на разни интелектуални услуги на едно место наместо пребарување на разни и многубројни веб страни;
  • Учење и совладување на одредена материја со целосно посветено внимание на Вас и Вашите потреби;
  • Можност за надоместување на пропуштена или недоволно јасна материја;
  • Вистинска можност и атмосфера за индивидуален развој и стекнување на работна навика;
  • Градење на самодоверба и мотивација за понатамошен личен развој и доусовршување во одредена област;
  • Непречено одвивање на приватните часови/обуки/презентации во простор опремен со она што Ви е потребно за спроведување на планираните активности;



Со почит,
IQ Intelligence Center